p
КСС Грифон
 Соопштенија 
 Настани
 Дисциплини
 Стрелишта
 Тренинзи
 Натпревари
 Членство
 Соработници

 Контакт

 За нас
 Документи
 
MeteoKapistec
Времето во Скопје

Временска Прогноза





















































































 

Филд Таргет 

Можеби најдобриот опис на оваа дисциплина во една реченица е: Имитација на лов со снајперска воздушна пушка. Стрелецот со воздушна пушка треба да погоди точно определена површина на метата, која е поставена на далечина од 7 до 50 метри. За оваа дисциплина се користат посебни мети, кои кога се погодени на точно определено место, „паѓаат“ - слично на метите кои се користат во биатлон. Метите се изработени од метал, кој е доволно силен да ги издржи погодоците, без да се оштететат и обично имаат облик на „штетни“ животни како стаорец, сврака, верверичка, зајак... или само обична геометриска фигура.

Мета за Филд Таргет   Силуети

Само погодокот во точно определеното поле со дијаметар 40 милиметри предизвикува метата да „падне“ т.е. да „легне“ и со тоа да означи дека е погодена. За мети кои се на далечина до 32 метри од стрелецот, дијаметарот на зоната на погодок може да биде намалена до 25 мм. Бодирањето е едноставно: доколку метата е соборена, тоа е еден бод; доколку не падне, тоа се смета за промашување и носи нула бодови. Еден натпревар содржи 30 - 50 мети, а светското првенство 150 мети распределени во 3 дена по 50.

Паѓачка мета   Редуцирачка зона на погодок

Во Филд Таргет може да се користи било која воздушна пушка, што оваа дисциплина ја прави мошне достапна и популарна, токму заради разликата од други дисциплини, како на пример „воздушна пушка 10м“ каде што постојат строги пропозиции за оружјето и дополнителната опрема, а чие задоволување бара големи финансиски издатоци. Единственото ограничување е излезната енергија на пушката која за државните натпревари во Република Македонија изнесува 20 Џули, а за меѓународни натпревари 16 Џули. Натпреварите обично се изведуваат во две категории:
PCP (Pre-Charged Pneumatic) - пушки со компримиран воздух во резервоар и Springer - пушки со пружина (федер) „на прекршување“. Дополнително на некои натпревари се воведуваат и дополнителни категории кои ги земаат предвид разликите во оружјето и опремата, како на пример дали се користи механички или оптички нишан, колкаво зголемување има оптичкиот нишан и сл. Во принцип стрелецот сам бира од која положба ќе гаѓа, но 20% од метите на натпреварот мора да бидат гаѓани исклучиво од стоечка или клечечка положба (форсирани положби). Лежечката и седечката (најчесто користена) положба не се сметаат за форсирани.

Седечка положба  Клечечка положба  Стоечка положба  Лежечка положба

Филд таргет е можеби најсложената стрелачка дисциплина со воздушна пушка. Успехот на стрелецот е условен не само од неговите стрелачки способности, туку и од способноста на пресметување на многу параметри. Стрелањето се изведува на отворен терен, што значи дека на погодокот влијаат атмосферските параметри: брзина и правец на ветерот, густина, температура и влажност на воздухот... Зрното е бавно, а со тоа и параболата на движење има значителна крива. Отстапувањето од нишанската линија може да изнесува и до неколку сантиметри, што е доволно за да се промаши зоната на погодок. Метите можат да бидат поставени на земја, на гранка од дрво, на угорница или удолница. Сето ова бара стрелецот за ограничено време да ги изврши потребните пресметки и да го изведе истрелот. За една мета стрелецот има право на само еден единствен истрел. Тоа е она заради што оваа дисциплина можеме да ја наречеме „снајперска воздушна пушка“. Разликата од вообичаените снајперски пушки, кои се огнено оружје е само во далечината на дејствување. Пристапот на стрелецот е ист.

Mil Dot
   Steyr LG-110FT   Tactical Reticle

Заради успешно извршување на наведените операции, во Филд Таргет дисциплината е вообичаено да се користат телескопски (оптички) нишани. Истите нудат брзо одредување на растојанието од стрелецот до метата и компензација на нишанењето поради параболата и атмосферските влијанија. Предност имаат оптичките нишани со кончаница која има можност за брза пресметка на далечината, како
Mil Dot.

Клубот за Спортско Стрелаштво ГРИФОН е засега единствениот клуб во Република Македонија кој е специјалициран за Филд Таргет. Клубот е носител на функцијата Национално Раководно Тело за Македонија во Светската Филд Таргет Федерација. За одржувањето на натпреварите во Филд Таргет можете да се информирате на насловната страна на вебсајтот на КСС ГРИФОН или во рубриката НАТПРЕВАРИ.
Правилникот за Филд Таргет и други корисни документи можете да ги најдете во поглавјето ДОКУМЕНТИ.


p
  Copyright © 2009 - Клуб за спортско стрелаштво ГРИФОН, Скопје, Македонија
Ваш Коментар | Дома  
p
p