p
   
КСС Грифон
 Соопштенија 
 Настани
 Дисциплини
 Стрелишта
 Тренинзи
 Натпревари
 Членство
 Соработници

 Контакт

 За нас
 Документи
 
MeteoKapistec
Времето во Скопје

Временска Прогноза





















 

Настани

Одржан првиот куп во филд таргет за 2012 година
На 10 март 2012 година на стрелиштето Стенковец се одржа првиот натпревар во филд таргет во 2012 година. Со петорица натпреварувачи и петнаесетмина гледачи, овој настан симболично го означи почетокот на овогодишната сезона на ФТ. Покрај натпреварувачите кои во изминативе години беа присутни на натпреварите во ФТ, на овој натпревар дебитираа две нови имиња: Филип Ивановски, како нов член на „Грифон“, кој своите први чекори во филд таргет ги направи во последниве пет месеци, во периодот кој се смета за „надвор од сезона“ и Драгослав Кудрановиќ, член на СК „Стрелец“ кој на јавноста и е од претходно познат како надежен јуниор во дисциплината „воздушна пушка 10 метри“. КСС Грифон планира во 2012 година секој месец да одржува барем еден натпревар во филд таргет, а со подобрувањето на временските прилики и покачувањето на вештините на стрелците, се надева на поголем број на учесници и зголемување на конкуренцијата. За резултатите од натпреварот кликнете ТУКА.

Подготовки за светското првенство во филд таргет 2012
Оваа година во периодот помеѓу 16 и 19 август во организација на Норвешката Филд Таргет Федерација, во Исфјорден, Норвешка ќе се одржи светското првенство во филд таргет 2012. На ова првенство Република Македонија ќе ја претставуваат двајца стрелци од КСС Грифон: Дамјан Богдановски и Тони Трајков, кои своето учество на светското првенство го обезбедија како двајца највисоко пласирани во националниот систем на натпревари. Подготовките за светското првенство и тренинзите се веќе во тек.

Резултати од светското првенство во филд таргет 2010
Во периодот помеѓу 29 септември и 3 октомври 2010 година, во организација на Унгарската Филд Таргет Федерација се одржа светското првенство во филд таргет 2010. Првенството се одржа во Унгарија, на подрачјето на националниот парк Дебрецен - Банк. Ова е прва година на која учествуваше Република Македонија. Нашиот претставник - Дамјан Богдановски освои 12-то место за Република Македонија во ранг листата на држави и 112-то место во поединечна категорија. Веќе се во тек првичните подготовки за следното светско првенство кое ќе се одржи 2011 година во Италија.

Зачленување во Светската Филд Таргет Федерација
Април 2010, Клубот за спортско стрелаштво ГРИФОН стана официјален член на World Field Target Federation како национално раководно тело за филд таргет за Република Македонија.

Научно истражувачка работа на КСС Грифон
Тимот за научно истражувачка работа на КСС Грифон спроведува истражување со цел да изнајде најдобро пневматско оружје и муниција. Неколку збора за FX Airguns 7000 - Gladiator DA и резултати од тестирањето на неколку видови на светски познати дијаболи.

Рекордна продажба на сигнално и воздушно оружје во Македонија Известување од претседателот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација

 
 
 
p
  Copyright © 2009 - Клуб за спортско стрелаштво ГРИФОН, Скопје, Македонија
Ваш Коментар | Дома  
p
p