|
Членство
Член на КСС ГРИФОН
може да биде секој граѓанин
кој доброволно ќе пристапи кон клубот на начин утврден со
статутот, кој има
желба да се занимава со спортско стрелаштво и кој според
важечката законска регулатива на Република Македонија има
право да ракува со оружје.
За зачленување на лица кои се помлади од 18 години
потребна е согласност од родител или старател. Овие лица
немаат право на глас во донесувањето на одлуки во Собранието
и не можат да бидат членови на Управниот одбор се до
навршување на 18 годишна возраст, кога по автоматизам ги
добиваат тие права.
Член на КСС ГРИФОН може да биде и странски
државјанин.
НАПОМЕНА
>>>
КСС Грифон остро се
спротиставува на злоупотреба на оружјето и постапувањето
спротивно на одредбите од законската регулатива на Република
Македонија, а особено Законот за Оружјето и Законот за
Ловство. Постапувањето спротивно на овие закони може да
доведе до престанок на членството во клубот.
|