Психофизички подготовки - Ментален тренинг
Во рамките на психофизичките
подготовки кои за потребите на Македонската Стрелачка Федерација ги
врши КСС Грифон, на 12 и 13 мај 2012 клубскиот психолог - психотерапевт
и тренер Каролина Костадиноска ќе одржи сеанси на ментален тренинг, на
кои ќе демонстрира неколку психолошки методи, кои се практично
применливи како алатки во спортско стрелаштво. Меѓу темите кои ќе бидат
опфатени со тренингот се: визуелизација, контрола на текот на мислите,
филтрирање на негативните мисли, релаксација и опуштање итн. На
сеансите ќе бидат присутни спортски стрелци од неколку клубови, како и
членови на македонската репрезентација во спортско стрелаштво. Овој
заеднички проект на КСС Грифон и Центарот за психолошка помош и
психотерапија СИНЕРГИЈА има за цел да го подобри квалитетот на
психодизичките подготовки и истите да ги доближи до современите светски
текови од областа на спортското стрелаштво.
Во организација на МССФ во тек
се тренинзите за подобрување на психофизичката кондиција на спортските
стрелци. Тренинзите се достапни за сите спортски стрелци кои се имаат
пријавено за учество, а се изведуваат три пати неделно во Градскиот
парк и базенот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Со
тренинзите раководи Дамјан Богдановски, тренер по спортско стрелаштво
од клубот Грифон. Програмата за тренинг, во поглед на видот на вежби и
интензитетот, е прилагодена на секој стрелец посебно, според претходно
извршените тестирања на кондицијата и здравствената состојба.
Кондиционите тренинзи ќе траат најмалку во следните два месеци, со
можност да продолжат во текот на целата година и да станат редовен дел
од тренажниот процес во спортско стрелаштво. Стрелците кои учествуваат
во програмата велат дека и покрај тоа што во моментов зад себе имаат
само неколку сеанси на кондициониот тренинг, веќе чуствуваат
подобрување и во својот секојдневен живот и во резултатите на
стрелиште. Тренерот Богдановски вели дека е задоволен од
ентузијастичкиот пристап на спортските стрелци, нивната сериозност во работата
и ја истакнува позитивната атмосфера за време на тренингот. Она што
особено му е драго е дека гледа позитивни промени во комуникацијата
помеѓу стрелците, во кои тие отворено ги разменуваат своите искуства и
доживувања од тренинзите, се консултираат околу вежбите, си помагаат
еден на друг, ги истакнуваат еднакво и своите предности и своите
недостатоци – едноставно стануваат поотворени и поблиски кон себе и кон
своите колеги и поприврзани кон активностите што ги спојуваат. Групата
стрелци секој ден се повеќе заличува на тим, а добрите стрелци
постепено прераснуваат во добри спортисти.
Кликнете ОВДЕ за фотографии
Календар на натпревари во 2012 година
Подготовки за светското првенство во филд таргет
2012
Оваа година во периодот помеѓу
16 и 19 август во организација на Норвешката Филд Таргет Федерација, во
Исфјорден, Норвешка ќе се одржи светското првенство во филд таргет
2012. На ова првенство Република Македонија ќе ја претставуваат двајца
стрелци од КСС Грифон: Дамјан Богдановски и Тони Трајков, кои своето
учество на светското првенство го обезбедија како двајца највисоко
пласирани во националниот систем на натпревари. Подготовките за
светското првенство и тренинзите се веќе во тек.
Зачленување
во Светската Филд Таргет Федерација
Април 2010, Клубот за спортско
стрелаштво ГРИФОН стана официјален член на World
Field Target Federation како национално раководно тело за филд таргет за Република Македонија.
Научно
истражувачка работа на КСС Грифон
Тимот за научно истражувачка
работа на КСС Грифон спроведува истражување со цел да изнајде најдобро
пневматско оружје и муниција. Неколку збора за FX Airguns 7000 -
Gladiator DA и резултати од тестирањето на неколку видови на светски
познати дијаболи.
|